Macedonian | Македонски

Здраво!

Драго ни е што покажуваш интерес за нашата студија. Знаеме дека ова е предизвикувачко време за сите, со масовни ограничувања по личниот живот. Ова не само што влијае на општото здравје и здравствената заштита, туку има сериозно влијание особено на ранливите групи во општестово. Тука мислиме и на здравјето и здравствената заштита на транс луѓето.

Зошто ова истражување?
КОВИС-19 е инфекција на белите дробови предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2. Тековната пандемија со КОВИС-19 постави нови и масивни предизвици за здравствените системи ширум светот и предизвика големи ограничувања во давањето медицинска нега. Сето ова неизбежно влијае и врз транс луѓето, чиј пристап до здравствена заштита беше веќе ограничен и пред пандемијата со КОВИС-19 и сега се очекува да биде дополнително нарушен. Покрај тоа, студиите за искуства со претходните пандемии (Leung et al., 2009) и пандемијата КОВИС-19 (Wang et al., 2020) покажуваат негативно влијание на ваквите настани врз менталното здравје на општата популација и ранливите подгрупи, како што се здравствените работници (Li et al., 2020). Досегашното влијанието на пандемијата со КОВИС-19 врз здравствените услуги и врз здравјето на транс-луѓето може да се процени само врз основа на анегдотски информации, на пр., од блогови или индивидуални извештаи (Loggins, 2020). Сепак, овие информации навестуваат специфични негативни влијанија врз транс-луѓето, што се јавуваат како резултат на ограничениот пристап до медицинска и психо-социјална заштита, предизвикан од пандемијата со КОВИС-19. Со оваа студија, би сакале да научиме од тебе како ти лично си погоден/а од ситуацијата со КОВИС-19 и какви последици таа има врз твоето физичко и ментално здравје.
Што се бара во истражувањето?
Истражувањето содржи низа прашања за тебе, за тековната животна состојба, твоите здравствени потреби и твоето физичко и ментално здравје. Повеќето прашања се прашања со повеќе избори, а за некои прашања, исто така, постои можност да додадеш дополнителни информации што сметаш дека се важни, во празниот простор за текст. Те молиме, искористи ја можноста да ни пишеш! Учеството во студијата е целосно доброволно и анонимно. Можеш да го откажеш твоето учество во кое било време, без да наведеш причини и без да предизвикаш неповолности. Учеството во студијата не треба да биде поврзано со одредени здравствени ризици. Се што се бара од тебе се информации што зборуваат за твоето лично искуство за време на тековната состојба со пандемијата на КОВИС-19. Учеството е бесплатно. Сепак, не сме во можност да платиме надомест за трошоците. Сите информации што ги собираме во студијата ќе бидат третирани доверливо и ќе се користат исклучиво за научни цели. За пополнување на прашалникот ќе ти бидат потребни околу 20 минути.
Кој може да учествува во истражувањето?
Ние ја препознаваме хетерогеноста на транс-популацијата и ова истражување е отворено за секој што се идентификува, доживува и / или се опишува себеси како трансродово, сè додека има најмалку 16 години. Ние го користиме терминот транс како термин-чадор во кој влегуваат многу други термини, како што се трансродови, не-бинарни, родови, родово-неусогласени, транс мажи, транс жена, итн. Ти си во можност во истражувањето да ги наведеш оние родови термини со кои се идентификуваш.
Кој е истражувачкиот тим и дали постои етичко одобрување?
Истражувачкиот тим го сочинуваат Андреас Келер и Тимо Нидер од Универзитетскиот медицински центар Хамбург-Еппендорф, Германија и Јоз Мотманс од универзитетот Гент, Белгија. Проектниот тим го вклучува и Карен Бадалјан, кој е извршен директор на полскиот огранок на Евроазиската здравствена мрежа за клучни популации (Eurasian Key Populations Health Network). За оваа анкета нема обезбедено финансии.. Истражувањето доби етичко одобрување од Локалниот комитет за психолошка етика (ЛПЕК) во Центарот за психосоцијална медицина, Универзитетски медицински центар Хамбург-Еппендорф (бр. LPEK-0130, датум: 01.04.2020).
На кој начин беа вклучени транс луѓето во дизајнирање на истражувањето?
Дел од членовите на истражувањето се транс-идентификувани лица. Побарани се и дополнителни консултации при развивање на прашалникот од страна на транс-организации, како што се Трансродова Европа, Евроазиската здравствена мрежа за клучни популации, Групацијата FtM Phoenix, Bundesverband Trans *
Што ќе се случи со резултатите?
Бидејќи влијанието на пандемијата со КОВИД-19 врз здравјето и здравствената заштита на транс луѓето го сметаме за чувствително прашање, прелиминарните резултати од истражвуањето ќе ги анализираме, само на ниво на земја/држава. Ќе обезбедиме информации за прелиминарните резултати од истражвуањето преку локалните транс организации и давателите на здравствени услуги и се надеваме дека на тој начин ќе ги информираме за потребите на транс-луѓето за време на пандемијата со КОВИД-19. По завршување на истражвуањето, конечните резултати ќе бидат објавени и достапни за учесниците во транс-организациите и ќе бидат објавени во научни списанија кои имаат отворен пристап до податоци.